Извозот бара нови сорти и технологии

25.04.2014 10:03

Домашните и странските откупни центри во градинарството и овоштарството бараат нови сорти и технологии. Во овој сектор тешко оди и договорното производство...

За освојување на европскиот пазар според  искуствата на домашните и на странските откупни центри потребни се нови технологии, сорти и форми на организирање.

Во градинарството и овоштарството недостасува еднаков асортиман и организирано производство како што бара европскиот пазар.

Струмичките градинари велат дека можат применат новитетите кои се бараат од нив, но откако ќе се применува договарањето за откупните цени.

Произведството во 2014-та се очекува да биде како и  претходната година кога беа произведени 54 илјада тони зеленчук и овошје и девизен прилив од 150 милиони долари за свежите производи и 46 милиони евра за  преработките.

 

Методија Трајков