РКЕ
Бензинот од 98 октани поскапува за 2 денари
28.10.2022 11:56
Регулаторната комисија за енергетика излезе со корекција на цените на нафтените деривати...

Регулаторната комисија за енергетика излезе со корекција на цените на нафтените деривати.
Промена има само кај цената на бензинот од 98 октани. Поскапува за 2 денари и ќе се продава за 92,5 денари за литар.
Цените на другите нафтени деривати остануваат непроменети.
Вчера и бензинот од 95 октани поскапе за 2 денари.
