Собрание

Пенов го помина собранискиот филтер, избран за нов министер за локална самоуправа

28.10.2022 12:52

Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека заслугите на Пенов не се „толку големи“...

Ристо Пенов избран за нов министер за локална самоуправа. Со 63 гласа „за“ и 30 „против“ го мина собранискиот филтер.

Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека заслугите на Пенов не се „толку големи“. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека „е нејасно зошто Курто Дудуш не е предложен за министер за локална самоуправа“.

Пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ верува дека Пенов ќе биде на „познат терен“ во ресорот локална самоуправа и на тоа според неа може да се гледа како позитивен развој на настаните.

Парламентарното мнозинство ги избра и Фатмир Скендер и Тања Васиќ Бојаџиева за нови уставни судии. Според ВМРО-ДПМНЕ, се крши деловникот без завршена комисиска расправа. Пратениците ја напуштија собраниската сала.