Штипска фирма ќе произведува шасии за „Ван Хол“

25.04.2014 10:20

Уште една инвестиција поврзана со голема странска компанија која ќе придонесе кон развојот на домашната економија. Белгиски „Ван Хол“ одбра штипска фирма за производство на шасии која деновиве почна да гради нови погони. Инвестицијата изнесува 3 милиони евра, а ќе се вработат 100 работници...

Компанијата „Актива“ гради нова фабрика во Штип во новата индустриска зона Запад. Предвидена е изградба на две фабрики од по 16.000 метри  квадратни. Стартуваше изградбата на првата хала со големина од 8.000 метри квадратни.

Во штипските фабрики ќе се произведуваат шасии за автобуси за потербите на белгиската компанија Ван Хол.

„Досега производството ни беше наменето за Америка, а намерата ни е автобусите произведени во МАкедонија да бидат наменети за Европските пазари“, вели Филип Ван Хол, сопственик на „Ван Хол“.

Довербата работата да ја добие штипската фабрика, е резултата на претходна соработка со Ван Хол.

„Нашата умешност, искуство, висока мотивираност и трудољубивост, дојде до израз“, вели Аргир Лазовски, технички директор на фабриката.

Изградбата на фабриката е инвестиција вредна шест милиони евра, од кои три милиони ќе чини, само  изградбата на првата хала. Со работа би требало да се зварши до септември, а за почеток во неа се планирани 100 нови вработувања.

 

Оливера Жежова