Зајакнати инспекциски контроли, за да се заштитат граѓаните од ценовни шокови
Над 20 илјади поплаки за зголемени цени и во услови на ограничени маржи на производи стигнале на адреса на Организацијата на потрошувачи. Оттаму сугерираат да се зајакнат инспекциските контроли за да се заштитат граѓаните од ценовни шокови …

Една цена на рафт, друга на каса. Потрошувачите најмногу се жалат на неуредноста на трговците и високите цени на производите. Организацијата на потрошувачи вели дека инспекциите знаат за проблемот, но мора да прават поголеми контроли за да се заштитат потрошувачите.
Од организацијата се надеваат и очекуваат стабилизација на цените на пазарот по одлуката на Владата, основните индустрии да користат поевтина струја. Сметаат дека подобра заштита на потрошувачот ќе има преку соработка на институции и локалната самоуправа.
Доколку не се стабилизира пазарот и цените продолжат да растат и покрај мерките на Владата, од Организацијата на потрошувачи сметаат дека најмногу ќе изгубат домашните индустрии и компании бидејќи потрошувачите ќе купуваат повеќе странски производи.
Катерина Топалова
