МВР
Претрес во кумановско, пронајдена дрога
28.10.2022 13:27
При претрес во нивниот дом во село Романовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, марихуана, дигитална вага, куршум и 101 стари метални монети со различна големина.

Вчера во 19 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Д.(37) и Е.Д.(37) од село Романовце, кумановско. При претрес во нивниот дом во село Романовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, марихуана, дигитална вага, куршум и 101 стари метални монети со различна големина.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од МВР.
