Концерт
Концерт на трио „Принчипеле“ во Камерната сала на Филхармонија
28.10.2022 13:35
На програмата се Голдберг варијации BWV 988 од Јохан Себастијан Бах, Квартет за обоа, виолина, виола и виолончело КВ 370 од Волфганг Амадеус Моцарт и Трио за виолина, виола, виолончело од Жан Крас.

Во вторник , на 1-ви ноември во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, концерт ќе одржи трио „Принчипеле“.
На програмата се Голдберг варијации BWV 988 од Јохан Себастијан Бах, Квартет за обоа, виолина, виола и виолончело КВ 370 од Волфганг Амадеус Моцарт и Трио за виолина, виола, виолончело од Жан Крас.
Во трио „Принчипеле“ свират виолинистката Анна Кондратенко, виолистот Марко Виденовиќ и виолончелистот Паскал Краповски. Како гостин на концертот ќе настапи обоистот Владимир Лазаревски.
