Марин Бабиќ остави трајни вредности за идните генерации
Замина голем актер и човек кој остави голема трага на театарската сцена, телевизија и филм. Уметник чии остварувања ќе остават трајни вредности за идните генерации..

Замина голем актер и човек кој остави голема трага на театарската сцена, телевизија и филм. Уметник чии остварувања ќе остават трајни вредности за идните генерации. Со овие зборови, последна почит му оддадоа колегите од драмскиот театар на доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ. Во оваа театарска куќа го поминал целиот работен век, а ќе остане запаметен по театарските претстави „Болен Дојчин“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Балконот“, „Не сега драга“, „Демонот од Дебар Маало“ и многу други.
Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски и ТВ улоги: „Бушава азбука“, „Наши години“, „Оловна бригада“, „Јад“, „Нели ти реков“, „Тетовирани души“, „Збогум на 20 век“ и многу други. Во културната колективна меморија засекогаш ќе остане запаметен неговиот Јашар бег во театарската претстава „Солунски патрдии“, но и по репликата која стана урбана фраза на многу луѓе – „Ово нема ни у Београду“, од претставата „Викенд на мртовци“.
Александра Спировска
