МАНУ

Промоција на драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш

28.10.2022 14:01

По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство“ во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот“ од Москва ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков“ од македонскиот автор со интернационално реноме, Јордан Плевнеш…

Секој човек има право на сопствен глас-оваа антрополошка мисла на Мисирков е водилка на содржината на драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш промовирана на 120 годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство“ во Санкт Петербург, кое според претседателот МАНУ, Љупчо Коцарев го означува почетокот на македонската современа научна мисла.

Говорејќи за антагонистичките процеси, глобализацијата и етнизацијата, академик Ќулавкова истакнува дека живееме во свет на убедливи полувистини и хибридни идентитети.

Во споредба со соседните држави-нации, теоријата на нацијата на МНЛД е поинклузивна спрема малцинските етно-културни различности, оценува академската фела.

Марина Стојанова Тонева