Курц: ЕУ да oвозможи поголема перспектива за Западен Балкан

25.04.2014 10:27

Проширувањето е добар одговор на се поголемите фрустрации и одбивност на граѓаните на земјите од овој регион кон Европската унија, за што покажуваат последните анкети...

Европската унија не смее да се заморува од натамошното проширување и треба да овозможи поголема перспектива за државите од Западен Балкан кои се уште не се нејзини членки, изјави синоќа во Виена, министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц. 
 
Проширувањето е добар одговор на се поголемите фрустрации и одбивност на граѓаните на земјите од овој регион кон Европската унија, за што покажуваат последните анкети. 
 
Унијата мора и натаму да се развива за да не го загуби чекорот на меѓународен план, изјави австрискиот шеф на дипломатијата по повод 10 годишнината од големото проширување на европската унија.