Здравство

Се разгледува можност да се намали казната за неизградениот Клинички центар

28.10.2022 14:10

Министерот Сали со апел да не се избрзува со барања информации за тоа колку државата ќе биде оштетена и оти се трудат да бидат рационални и максимално организирани во однос на заштита на државата...

Министерството за здравство ја разгледува можноста за да се намали побараната сума, односно казната за неизградениот клинички центар. Министерот Сали со апел да не се избрзува со барања информации за тоа колку државата ќе биде оштетена и оти се трудат да бидат рационални и максимално организирани во однос на заштита на државата.

Од Фондот за здравствено осигурување направен е увид во неколку клиники. Сè уште се чека деталниот извештај. По увидот ќе се преземат соодветни мерки доколку некој влијаел во формирање на платите во клиниките вели министерот за здравство.

Министерот уверува дека во изминатиот период се направени неколку чекори напред во навремена здравствена услуга на граѓаните. Зголемени се платите на здравствените работници и вели дека во регионот на земји членки кои не се во Европската унија ние сме земја лидер во финансирањето на трудот на здравствените работници. А и постојано се работи на капиталните инвестиции.

Ана Ј. Тодоровска