Собрание

Пенов положи свечена заклетва, избрани уште двајца уставни судии

28.10.2022 14:23

Парламентарното мнозинство во расправата посочи дека тој е човек со искуство и знаење и со значителни успеси во работата како градоначалник на Скопје. Опозицијата со критики-Пенов е истрошен кадар, ги приватизирал дејностите во Скопје и не завршил ниту една капитална инвестиција.

Со 63 гласа „за“ и 30 „против“, Ристо Пенов избран за министер за локална самоуправа. По изборот Пенов положи свечена заклетва. Парламентарното мнозинство во расправата посочи дека тој е човек со искуство и знаење и со значителни успеси во работата како градоначалник на Скопје. Опозицијата со критики-Пенов е истрошен кадар, ги приватизирал дејностите во Скопје и не завршил ниту една капитална инвестиција.

На пленарната седница, мнозинството со 64 гласа „за“ ги избраа Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер за нови уставни судии. Павле Трајанов беше против. ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето ја напушти салата. Од партијата сметаат дека претседателката на Комисија за избори и именувања и спикерот Џафери го кршат деловникот. За Марија Георгиевска, опозицијата поднесе барање за интерпелација.

Трајанов, кој е дел од парламентарното мнозинство смета дека продолжува партизацијата во Уставниот суд. Побара нов закон за највисоката судска инстанца.

Расправата во комисијата за избори и именувања заглави на предлогот Љубомир Јовески да биде избран за уставен судија. Опозицијата со долги говори и процедурални забелешки го блокира неговиот избор.

Игор Панов