Женското претприемништво бара поддршка од заедницата
Потребни се поддршка од локалните заедници, пристапност до програмите за отворање бизнис и надминување на стереотипите што е машка или женска работа. Националната платформа за женско претприемништво почна со формирањето совети во локалните заедници…

Прилепчанката Викторија Наумоска е млада адвокатка која три години го води својот бизнис. Имала поддршка со грантови од Агенцијата за вработување, но наидува на препреки и проблеми. Недоволна комуникација со институциите, со предрасуди дека тоа не е женска работа.
Пелагонискиот земјоделски регион, нуди за жените да се регистрираат во индивидуални земјоделки, но практиката покажува дека во заднина бизнисите ги водат мажите. Во Прилеп е многу ниска искористеноста на програмите што ги нудат агенциите за вработување и за развој на земјоделството, а недостасува и поддршката на локалната самоуправа.
Последниве години во земјава повеќе се затвораат, отколку што се отвораат компании каде жените се доминантни сопственици. Неопходно е да се разбудат локалните заедници. Се формираат совети за женското претприемништво.
До крајот на годинава треба да има 15-тина совети во општините за женското претприемништво.
Елизабета Митреска
