БиХ
Фон дер Лајен: Вратите на ЕУ се отворени за БиХ
28.10.2022 14:48
Фон дер Лајен ги повика лидерите на трипартитното претседателство на земјата „да работат заедно за оваа отворена врата“...

Вратите на Eвропската унија се отворени за Босна и Херцеговина да се приклучи на блокот, изјави претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен. Говорејќи во Сараево ги повика лидерите на трипартитното претседателство на земјата „да работат заедно за оваа отворена врата“.
Шефицата на Европската комисија најави и пакет енергетска безбедност од 70 милиони евра за Босна и Херцеговина. Во рамки на балканската турнеја претседателката на комисијата ги посети Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, а утре ќе ја посети и Црна Гора.
