ОМО Илинден до Османи: Културните активности на Македонците во Бугарија не се провокација
Од ОМО Илинден го прашуваат Османи дали само бара изговор за да не дојде на отворањето. Од таму сметаат дека министерот за надворешни работи на Македонија не ги поддржува Македонците во Бугарија.

На изјавата на Османи дека се проверува кој стоел зад отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, со реакција се огласи македонското здружение ОМО Илинден-Пирин. Тоа е друштво кое ја истакнува својата поддршка за македонските евроинтеграции и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија, а финансиери се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто, Канада.
Од ОМО Илинден го прашуваат Османи дали само бара изговор за да не дојде на отворањето. Од таму сметаат дека министерот за надворешни работи на Македонија не ги поддржува Македонците во Бугарија.
Отворањето на културен клуб со име на поетот и антифашист Никола Вапцаров не е исто со отворање на „културен“ клуб со име на терорист и хитлеров соработник. Културните активности на Македонците во Бугарија не се провокација, соопштија од здружението.
