МВР

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од седум години

28.10.2022 16:07

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна од седум години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик...

Денеска околу 14.30 часот на подрачје на ЕВР Чаир, полициски службеници од Отсекот за потрага по цел-Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(42) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна од седум години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.