САД

Нападнат сопругот на Ненси Пелоси

28.10.2022 17:04

„Напаѓачот е во притвор, а во тек е истрага за мотивите за нападот. Господин Пелоси е превезен во болница, каде добива исклучителна медицинска нега и се очекува целосно да закрепне“, се наведува во соопштението од канцеларијата на канцеларијата на Ненси Пелоси...

Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, Пол Пелоси, е „насилно нападнат“ во неговиот дом во Сан Франциско, соопштија од Демократската партија на САД.

„Напаѓачот е во притвор, а во тек е истрага за мотивите за нападот. Господин Пелоси е превезен во болница, каде добива исклучителна медицинска нега и се очекува целосно да закрепне“, се наведува во соопштението од канцеларијата на канцеларијата на Ненси Пелоси.

Пол Пелоси (82) бил нападнат по провалата што се случила утрово во нивниот дом во Калифорнија. Во моментот на нападот, Ненси Пелоси не била дома.