„Слави со срце, не со оружје“, порачаа МВР и УНДП
„Слави со срце, не со оружје“ е насловена новата кампања на Министерството за внатрешни работи и УНДП, која беше промовирана пред учениците и жителите на Општина Липково. Пораката е дека и залутаниот куршум мора да заврши некаде и има ризик да загрози нечиј живот...

„Секој куршум има мета, а дури и оние испукани за време на веселби, без намера да повредат некого, може да одземат човечки животи, затоа да се слави со срце, а не со оружје, е пораката која на учениците и жителите на липковско Слупчане, им ја посочија претставниците на Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации, УНДП. Настанот е дел од кампањата за подигање на свеста за опасностите од носењето и злоупотребата на мало и лесно оружје.
„Ниту една мајка нема да го одобри пукањето на прослава, ако знае дека мета може да биде детската соба на нејзиното бебе. Секој од нас може да придонесе и да спречи трагедија доколку одбие да биде сведок и дел од прослави каде што се слави со огнено оружје- истакна заменичката на постојаниот претставник на УНДП“, Сања Бојаниќ.
Употребата на оружје е дозволена само на лиценцирани места – полигони. За ваков вид прекршок граѓаните можат да се соочат со прекршок од 200 до 500 евра.
„Ние како општина заедно со МВР соработуваме и мислиме дека можеме да направиме големи работи ако работиме координирано. Во нашата општина порано имаше случаи за користење оружје имавме и настрадани лица, и мислам дека заедно ако се трудиме за добро ќе има резултати“, нагласи градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово нагласија дека безбедноста на граѓаните не зависи само од една институција, туку и од однесувањето на секој од нас поединечно.
Елена Георгиевска
