МВР

Лажна е денешната дојава за бомба во училиште, превентивно евакуирани и други училишта

28.10.2022 17:45

Полицијата утврдила дека е лажна денешната пријава дека е поставена експлозивна направа во едно скопско училиште, информираше Министерството за внатрешни работи...

Полицијата утврдила дека е лажна денешната пријава дека е поставена експлозивна направа во едно скопско училиште, информираше Министерството за внатрешни работи.

„Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на електронската адреса на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти“, се вели во соопштението на МВР.