Русија
Заврши делумната мобилизација во Русија
28.10.2022 19:04
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска, за време на средбата со претседателот Владимир Путин, соопшти дека делумната мобилизација е завршена и дека се мобилизирани планираните 300.000 регрути...

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска, за време на средбата со претседателот Владимир Путин, соопшти дека делумната мобилизација е завршена и дека се мобилизирани планираните 300.000 регрути.
„За време на делумната мобилизација, повеќе од 1.300 претставници на извршната власт од различни нивоа и над 27.000 претприемачи беа испратени во трупите. Тринаесет илјади граѓани, без да чекаат повици, изразија желба да ја исполнат својата должност и беа испратени во трупите како волонтери“, рече Шојгу.
