Временска прогноза

Сончево и топло со температури до 25 степени

29.10.2022 08:57

Денеска времето во државата ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец и максимална температура до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно, претежно сончево и релативно топло време.