Ноќеска започнува зимското сметање на времето
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето...љ

Од ноќеска започнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад.
Владата одлучи да остане досегашниот систем на сметање на времето по направените анализи дали да продолжи летното сметање на времето. Министерството за економија беше задолжено да ги направи сите потребни анализи за да се види дали доколку остане летното сметање на времето би можело да се заштеди струја и топлинска енергија.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
