Почнуваат градежните работи на железницата на Коридор 8
Почнуваат градежните работи на Коридор 8 на железничка делница Куманово-Бељаковце-Крива Паланка. Денеска евроамбасадорот Гир, премиерот Ковачевски ќе го означат почетокот на работите на оваа делница...

Почнуваат градежните работи на Коридор 8 на железничка делница Куманово-Бељаковце-Крива Паланка. Денеска евроамбасадорот Гир, премиерот Ковачевски ќе го означат почетокот на работите на оваа делница.
Транснационалната транспортна оска исток-запад се протега од пристаништето Бари во Италија до пристаништата Варна и Бургас во Бугарија. Централниот дел на овој паневропски коридор во должина од 315 километри минува низ Кичево, Скопје, Куманово, Бељаковце и Крива Паланка. Врски недостасуваат на западниот крај од Кичево до границата со Албанија и на источниот крај од Куманово до границата со Бугарија.
Вкупната должина на источниот крај на железничкиот Коридор 8 е 88,2 километри од кои 34 километри, односно делницата Бељаковце – Крива Паланка се гради со финансиска помош на ЕУ, обезбедена преку инвестициската рамка за Западен Балкан во вредност од 75 милиони евра, дополнет со национален придонес од 1 милион евра, е доделен за да се доближи овој железнички дел до современите стандарди. Изградбата треба да заврши а до крајот на 2025 година.
