Зеленски: На Русија брзо ќе и требаат нови луѓе
Украинскиот претседател Зеленски изрази сомнеж во соопштението на Русија дека нејзината делумна мобилизација е завршена...

Украинскиот претседател Зеленски изрази сомнеж во соопштението на Русија дека нејзината делумна мобилизација е завршена. Рече дека „лошите резултати на руските сили на фронтот значат дека на Москва ќе ѝ бидат потребни повеќе луѓе“. Министерот за одбрана на Русија Шојгу по состанокот со рускиот претседател Путин објави дека активностите поврзани со делумната мобилизација на 300.000 граѓани во Русија се завршени. Речиси четири милиони луѓе се погодени од прекините на струја по најновите руски напади на енергетската инфраструктура на Украина.
„Во многу градови и области во нашата земја се воведени прекини на струјата за да се стабилизира ситуацијата. Речиси четири милиони украинци во моментов се соочени со рестрикции“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Инаку Русија повторно ги интензивира нападите на инфраструктурата во Украина.
