Македонија

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија Ковачевски и Донев на отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Куманово-Бељаковце-Крива Паланка

29.10.2022 09:56

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија Галаб Донев, во придружба на министри од двете влади, претставници од Делегацијата на ЕУ и Европската банка за обнова и развој, денеска, со почеток во 12:00 часот ќе присуствуваат на отпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија Галаб Донев, во придружба на министри од двете влади, претставници од Делегацијата на ЕУ и Европската банка за обнова и развој, денеска, со почеток во 12:00 часот ќе присуствуваат на отпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Настанот ќе се одржи на делницата каде што поминува железницата, близу Куманово. На настанот ќе се презентира проектот за источниот дел од делницата.

Свои обраќања ќе имаат премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и премиерот на Бугарија Галаб Донев, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Железници „Инфраструктура“, Хари Локвенец, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Дејвид Гир и Анди Аранитаси од Европската банка за обнова и развој.

Со изградбата на оваа железница Република Северна Македонија станува крстосница на Балканот и регионално се поврзува со европските железнички коридори. Овој капитален проект е од исклучително значење особено за поврзување со нашите први соседи Бугарија и Албанија, што е од регионален интерес за граѓаните и за економскиот раст и развој.