Филипини
Расте бројот на загинати во поплавите на југот
29.10.2022 10:03
Расте бројот на загинати во поплавите и свлечиштата на југот на Филипините. Се трага по десетици исчезнати лица...

Расте бројот на загинати во поплавите и свлечиштата на југот на Филипините. Се трага по десетици исчезнати лица.
Властите стравува дека многу луѓе сè уште се заробени во калта и поплавите на островот Минданао. Силните дождови предизвикани од приближувањето на тропската бура „Налгае“ доведоа до поплави и лизгање земјиште во неколку општини во Минданао.
Евакуирани се неколку илјади луѓе, многу летови се откажани, а училиштата затворени.
