Иран
Техеран: Странски служби стојат зад протестите
29.10.2022 10:05
Иранското министерство за разузнавање и корпусот на исламската револуционерна гарда со заеднички став дека зад протестите во земјата стојат разузнавачките агенции на САД, Велика Британија, Израел и Саудиска Арабија...

Иранското министерство за разузнавање и корпусот на исламската револуционерна гарда со заеднички став дека зад протестите во земјата стојат разузнавачките агенции на САД, Велика Британија, Израел и Саудиска Арабија.
Во соопштението се вели дека повеќето од немирите биле поттикнати од членови на израелски Мосад во соработка со радикални исламски групи. Иран ги обвинува странските агенции дека испраќаат воена и шпионска опрема во земјата и дека американската разузнавачка служба обучувала ирански агенти.
