Партии
Денеска во ДУИ отчет од министрите, градоначалниците и директорите
29.10.2022 11:40
Демократска унија за интеграција во седиштето во Мала Речица ќе одржи состанок на новото раководство...

Демократска унија за интеграција во седиштето во Мала Речица ќе одржи состанок на новото раководство. Отчет за работата пред лидерот Али Ахмети ќе даваат партиските функционери на централно и локално ниво.
Покрај министрите, за сработеното пред претседателството на Генералниот совет ќе реферираат и други функционери, меѓу кои и градоначалниците.
Таканаречената „Огнена група“ минатиот месец изрази незадоволство од актуелното партиско раководство, и побара реформи, односно реорганизација и одговорност од вицепремиерот Артан Груби. Состанок е закажан во 14 и 30.
