Зголемени откупни цени на тутунот
Пред почетокот на откупот на тутунот – компаниите го најавија зголемувањето на откупните цени. Во просек за 20 насто се повисоки. Реколтата квалитетна, иако помала од најавената што ги зголемува надежите на производителите дека жолтото злато ќе се бара и ќе добие пореална цена...

За околу 20 проценти се зголемуваат откупните цени на тутунот. Сојузот на земјоделски здруженија го потврдува договорот со 4 откупни компании, а другите, велат, ќе го следат нивниот пример. Првата класа сега е 300, втората од 200 на 240, третата од 150 на 180 денари, а четвртата од 80 на 100 денари за килограм. Тоа и квалитетниот род, сметаат, ќе ги ублажи трошоците за производството.
Тутунарите признаваат дека се соочуваат со недостиг од работна рака, но единственото решение е поддршката на државата за земјоделецот.
Реколтата е договорена на 26.000, а се очекува ќе биде 19.000 тони што би ја зголемило побарувачката на пазарот. Со тутунопроизводство се занимаваат околу 20.000 семејства. Најавени се 10 откупувачи кои кампањата може да ја почнат од 15-ти ноември, а крајниот законски рок за почеток е 15-ти декември.
Елизабета Митреска
