Руските сили повторно напаѓаат инфраструктурни цели во Украина
Жестоки борби се водат во областа Херсон. Руските сили повторно напаѓаат инфраструктурни цели во Украина. Речиси четири милиони луѓе се погодени од прекините на струја по најновите руски напади на енергетската инфраструктура на Украина...

Русија повторно ги интензивира нападите на инфраструктурата во Украина. Речиси четири милиони луѓе се погодени од прекините на струја по најновите руски напади на енергетската инфраструктура на Украина. Украинскиот претседател Зеленски објави дека веќе се воведени рестрикции за заштеда на енергија додека не се стабилизира енергетскиот систем во земјата.
„Во многу градови и области во нашата земја се воведени прекини на струјата за да се стабилизира ситуацијата. Речиси четири милиони Украинци во моментов се соочени со рестрикции“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Украина го возвраќа ударот со напади со дронови врз руската црноморска флота на Крим.
Зеленски се сомнева дека Русија ја завршила делумната мобилизација на 300 илјади руски граѓани, како што објави рускиот министер за одбрана Шојгу по состанокот со Путин. Украинскиот претседател смета дека лошите резултати на руските сили на фронтот значат дека на Москва ќе ѝ бидат потребни повеќе луѓе“. Канада ќе помага со обврзници на Украина, објави канадскиот премиер Трудо.
„Тоа би било многу како обврзниците на владата на Канада со кои луѓето се запознаени. Овие средства ќе одат за поддршка на владата на Украина за да можат да продолжат да го поддржуваат украинскиот народ“, изјави канадскиот премиер, Џастин Трудо.
Обединетите нации повикаа Украина и Русија да го обноват договорот за извоз на жито од Црното Море, оти е потребен за глобалната безбедност на храната. Договорот е на сила до 19-ти ноември кога може да се обнови ако двете страни не се спротивставуваат.
Ирина Гелевска
