Партии

Демократски сојуз ќе испрати делегација на отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград

29.10.2022 12:47

Делегација на Демократскиот сојуз утре ќе присуствува на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија, информираат од партијата...

Делегација на Демократскиот сојуз утре ќе присуствува на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија, информираат од партијата.

Оттаму сметаат дека отворањето на овој прв Македонски културен клуб во Бугарија, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија.

Велат – Демократскиот сојуз очекува топол прием од граѓаните на Благоевград.