Битола

Интернационален фестивал „Камера 300“

29.10.2022 13:35

Синоќа свечено отворено дводневното 30-сето издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“. На фестивалот кој го негува големото дело на Манакиеви пристигнаа 40 филмови од 12 земји. За интернационалното жири ова е досега најквалитетното издание. Највисоката „Гран-при“ награда за македонскиот документарен филм „Охридските хотели-хотел Радиќ“ на Љупчо Паунковски...

Следбениците на делото и жанрот на првите балкански сниматели на јубилејното 30. издание на Фестивалот на аматерскиот документарен филм понудија 40 краткометражни филмови од 12 земји. Престижната награда „Гран-при“ во рацете на охридскиот автор Љупчо Паунковски за 12 минутната документарна сторија „Охридските хотели-Хотелот Радиќ“ кој бил изграден во 1923 година а подоцна и срушен.

За интернационалното жири по квалитет ова е најдоброто издание досега.

Организаторот со голема благодарност до сите оние кој во секој поглед го помагале фестивалот кој го негува аманетот на браќата Јанаки и Милтон Манаки.Во континуитетот од три децении се прикажани над 1.700 аматерски документарни филмови.

Синоќа беа доделени и наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“.Признанијата за најдобра режија,камера и монтажа како и плакетата на Уника на охриѓанецот Томе Љушев за филмот „Трпејца“.

Стевче Митревски