Артан Груби останува шеф на кабинетот на Али Ахмети
На седницата на ДУИ се презентираше отчетот на партиските функционери, која како што рече Османи е воведување на нов квалитет, транспарентност, како пред структурите на партијата, така и пред јавноста...

Артан Груби е реизбран за шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ, на првата конститутивна седница на централното претседателство на партија. За неговиот реизбор како што посочи партискиот портпарол Бујар Османи, немало никакви забелешки и реакции од функционерите, ниту од членовите од таканаречената „огнена група“, која неодамна бараше негова смена од партиското раководство.
На седницата се презентираше отчетот на партиските функционери, која како што рече Османи е воведување на нов квалитет, транспарентност, како пред структурите на партијата, така и пред јавноста.
Артан Груби и Изет Меџити пред почетокот на седницата, истакнаа дека очекуваат конструктивна дебата.
ДУИ избра и 16 секретари на секретаријатите, реизбран е Бујар Османи за партиски портпарол,а се изгласаа и повеќе советници на претседателот Ахмети.
Зоран Димовски
