Општина Карбинци

Општина Карбинци бара со закон да се ограничи пренамената на земјоделско земјиште во површини за фотоволтаици

30.10.2022 09:21

Плодните површини од прва до трета категорија, посебно оние под систем за наводнување не треба да се користат за поставување на фотоволтаици. Ова е став на Советот на Општина Карбинци од каде се бараат законски измени за заштита на земјоделието во услови на зголемен интерес за производство на електрична енергија од соларни панели...

Голем е интересот за поставување на фотоволтаични панели на земјоделските површини во Општина Карбинци. За да спречи уништување на земјоделието како примарна дејност во општината, Советот на Карбинци зазеде став да не прима барања за пренамена на земјоделското земјиште до трета класа и иницира законски измени кои ќе спречат плодните површини да се користат за поставување фотоволтаици

Владата неодамна најави и стратешка инвестиција во изградба на соларна електрана во Карбинци на површина од околу 80 хектари

До сега општината дала зелено светло за две соларни електрани, едната во индустриската зона, втората на земјиште од пониска класа, а во процедура сè уште неколку со вкупно производство од 20 мегавати електрична енергија.

Славица Величковска