Привршуваат активностите на археолошкиот локалитет Стоби
Изминатите месеци се работеше на конзервација, реставрација, доистражување и обнова на неколку објекти, дел од археолошкиот локалитет Стоби. Летово бројни гости го посетуваа локалитетот...

Привршуваат работните активности кои летово се извршуваа на археолошкиот локалитет Стоби. Се работеше на повеќе објекти, нивна реставрација, конзервација, обнова. Годинава десетта по ред се работеше на археолошките доистражувања на Римскиот театар.
Трета година по ред се работи на Јужната порта. Во 2020 беше откриен овој нов влез во Стоби.
Се изврши санација на осветлувањето на локалитетот, за да може во летниот период, кога осетно се зголемува бројот на туристи, повеќе часови од денот, посетителите да престојуваат во Стоби.
Изминатите месеци се работеше на резиденцијалниот и комерцијален кварт од рановизантиски период, археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживописот и делови од Старата епископска базилика.
Деновиве на локалитетот, во тек е есенската акција на затворање на мозаиците за нивна заштита и спречување на штети од претстојните временски услови.
Петар Печков
