Јужна Кореја

Повеќето од загинатите во Сеул се тинејџери

30.10.2022 10:28

Над 150 лица загинаа, а околу 80 се повредени во најсмртоносното човечко стампедо досега во Јужна Кореја, за време на прославата на фестивалот на Ноќта на вештерките...

Над 150 лица загинаа, а околу 80 се повредени во најсмртоносното човечко стампедо досега во Јужна Кореја, за време на прославата на фестивалот на Ноќта на вештерките. Трагедијата се случила кога неколку стотини луѓе се нашле на удолница, во тесна уличка широка само четири метри, од каде не можеле да се засолнат ниту да избегаат, па почнале да паѓаат еден врз друг.

„Се очекуваше многу луѓе на свеченостите на Ноќта на вештерките, но толпата не беше многу поголема од претходната година, дури и ако се земе предвид околноста дека ограничувањата со Ковид-19 беа олеснети оваа година. Но бидејќи справувањето со несреќата сега е главен приоритет, ние се обидуваме прво да ја менаџираме ситуацијата и да ја откриеме причината“, изјави Ли Санг-Мин, министер за внатрешни работи и безбедност на Јужна Кореја.

Луѓето почнале панично да се трупаат еден врз друг поради гужвата, поради што дел од нив не можеле да земат воздух. Јужнокорејските власти досега добиле повеќе од 2.600 пријави за исчезнати лица. Меѓу жртвите има 19 странци, државјани на Кина, Иран, Норвешка и Узбекистан.