Москва

Русија бара итен состанок на Советот за безбедност

30.10.2022 10:29

Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделник, 31-ви октомври на кој ќе се разговара за нападот на бродовите на црноморската флота во Севастопол...

Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделник, 31-ви октомври на кој ќе се разговара за нападот на бродовите на црноморската флота во Севастопол.

Москва ја обвинува Украина за нападот, а заменикот постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Пољански рече дека Русија официјално го известила генералниот секретар на ОН, Гутереш дека по нападот го суспендира учеството во спроведувањето на договорот за транспорт на украинско жито од пристаништата на Црното Море.