Могадишу

Загинати и повредени во експлозии на автомобил-бомба

30.10.2022 10:30

Најмалку 100 лица загинаа, а 300 се повредени во две експлозии на автомобил-бомба што го потресоа главниот град на Сомалија, Могадишу...

Најмалку 100 лица загинаа, а 300 се повредени во две експлозии на автомобил-бомба што го потресоа главниот град на Сомалија, Могадишу.

Сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот, иако претседателот на земјата ја обвини исламистичката група Ал Шабаб.

Оваа група вообичаено избегнува да преземе одговорност за нападите кои резултираат со голем број жртви.

Нападот се случи на истото место како и во најголемиот бомбашки напад во 2017 година кога загинаа над 500 лица.