Благоевград
Во Благоевград се отвора македонскиот клуб „Никола Вапцаров“
30.10.2022 10:39
Владата нема свој претставник на отворањето. Оттаму велат дека ќе достават барање до Софија за официјален македонски културен центар во градот...

Денеска во Благоевград е закажано отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Владата нема свој претставник на отворањето. Оттаму велат дека ќе достават барање до Софија за официјален македонски културен центар во градот.
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски одењето во Бугарија е одлична можност да се покаже национално единство. Претставник во Благоевград ќе има претседателот Пендаровски, а ќе замине и делегација на Демократскиот сојуз.
