Благоевград

Мицкоски: Денес сме тука да ги поддржиме Македонците во Бугарија, и да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик

30.10.2022 13:12

Да го поддржиме отворањето на овој клуб, да ги поддржиме нашинците, Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија, рече Мицкоски...

Да го поддржиме отворањето на овој клуб, да ги поддржиме нашинците, Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија.

И за тоа во 21 век веќе не треба никој нити да има дилема, нити треба воопшто да разговара.

Треба да се почитува правото на самоопределување. А, нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти.

Затоа сме денеска тука да ги поддржиме нашите Македонци во Бугарија, рече Мицкоски.