Благоевград

Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

30.10.2022 14:25

На отворањето присуствуваа генералниот секретар во кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев...

Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Основачите велат дека целта е да се помогне во Бугарија да се препознае македонската култура, а со неа и македонскиот народ.

На отворањето присуствуваа генералниот секретар во кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Имаше засилено полициско обезбедување, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски предавник.

Полициските службеници од безбедносни причини не дозволија да биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев каде беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“.