Поради долгови од ЈСП и Град Скопје, приватниот превозник „Макескпрес“ можно е да не вози
Приватниот автобуски превозник „Макекспрес“ можно е од утре да не сообраќа на пет линии поради неисплатен долг од ЈСП и Град Скопје. Сопственикот Милорад Димитријевски вели дека станува збор за 30 милиони денари и поради тоа се доведува во прашање нормалното функционирање. Бара итна средба со раководството на јавното претпријатие и градската власт за решение на проблемот...

Приватниот превозник „Макекспрес“ ги побара парите кои не му се исплатени. Велат, дека утре корисниците на нивните линии нема да можат ги користат услугите. Бараат градската власт да ги подмири своите долгови кон приватните превозници, бидејќи поради доцнење на исплатите во последниот период, „Макекспрес“ превоз на некои линии падна под 80 проценти реализација.
Согласно склучениот договор, ЈСП има обврска секоја недела да им исплати на приватните превозници 70 проценти, а по истекот на тековниот месец, да ги исплати и останатите 30.
Со реформите во градскиот превоз од 2017-тата година, јавниот автобуски превоз во град Скопје се организира со ресурси на јавното сообраќајно претпријатие и на приватните превозници „Макекспрес“ превоз и Слобода превоз.
Анита Никушева-Јованчев
