Емоциите и здравјето
Емоциите се тесно поврзани со физичкото здравје, а многу болести се резултат на поттиснати емоции.Кога сме под стрес имаме „грч во стомакот“, кога сме тажни плачеме „ се гушиме во солзи“, а кога нешто не плаши „се тресеме од страв“.
Постојат седум основни видови на емоции: бес, среќа, загриженост, тага, страв и шок и секоја од нив е поврзана со функционирање и здравјето на органите во нашето тело. Штом се појави дисбаланс, тоа е знак дека емоциите почнале да влијаат на физичкото здравје.

Преголемо возбудување, дури и кога е позитивно како на пример организирање на венчавка, може да предизвика нервоза, анксиозност, несоница или неправилна работа на срцето. Овие се најчесто симптоми на емоционална нестабилност. Претераната загриженост станува нормална појава во денешното општество, преполно со стресни ситуации.
Но преголемата грижа влијае врз правилната работа на слезината. Пореметувањето во работата на слезината може да доведе до лошо варење на храната и да предизвика хроничен замор.Емоцијата страв е поврзана со бубрезите. Нормално е повремено да почувстувате страв, но кога стравот ќе стане хроничен, почнува да влијае врз здравјето.
Ненамерното мокрење е најчест знак за пореметување, дури и кај децата кои мократ во кревет, ова може да биде резултат на претеран страв од нешто или некого. Долготрајната состојба на страв води и до хронична слабост и заморПремногу размислување за нешто, влијае врз слезината.
Предизвикува чувство на меланхонија и неспособност за концентрирање. Личноста која премногу размислува може да искуши симптоми како слаб апетит, може да заборави да јаде или има чувство на надуеност по оброкот. Заради слабото функционирање на слезината можна е и појава на исклучително блед тенШокот не е поврзан само со еден орган, но заради својата неочекуваност најмногу влијае врз срцето и бубрезите.
Во состојба на шок човекот ќе искуши исклучителна спремност за борба или за бегање, благодарение на лачењњто на адреналин. По шокот, може да дојде до прекин на работата на срцето, анксиозност и несоница. Долготрајната состојба на шок, предизвикува последици врз целото тело.Лицата кои доживуваат тага, вообичаено чувствуваат умор, патат од недостаток на здив или чувствуваат стегање во градите, склони се кон настинка, астмични напади, но и проблеми со кожата. За лицата кои тагуваат типично е плачењето, а сето тоа може да предизвика депресија.