Енергетика
Бектеши ќе присуствува на потпишување на Договорот за меѓусистемско гасно поврзување Ќустендил-Жидилово
30.10.2022 18:52
Министерот за економија Крешник Бектеши утре во Софија, Република Бугарија ќе присуствува на потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективна точка Ќустендил-Жидилово...

Министерот за економија Крешник Бектеши утре во Софија, Република Бугарија ќе присуствува на потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективна точка Ќустендил-Жидилово.
Покрај министерот на потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и извршниот директор на Национални енергетски ресурси АД Скопје, Бајрам Реџепи и извршниот директор на ГА-МА, Александар Арсиќ.
Договорот ќе го потпишат ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД.
