Македонија

Ковачевски денеска во посета на Делчево

31.10.2022 08:08

Заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе присуствуваат и ќе се обратат на настанот по повод почетокот на изградбата на пречистителна станица во Делчево.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во посета на Општина Делчево, соопшти владината прес-служба.

Заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе присуствуваат и ќе се обратат на настанот по повод почетокот на изградбата на пречистителна станица во Делчево.

Ковачевски ќе ја посети фабриката за преработка на дрво Алпин.ком, по што ќе направи увид на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ново Делчево.