Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го институционализира криминалот

31.10.2022 09:01

Наместо експресно разрешување од функциите на над 120 функционери кои го кријат својот имот, и не го доставиле на увид на јавноста, Ковачевски се фрли во нивна заштита и ја префрла топката со ДКСК, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Функционери од СДС кријат имот од 30 милиони евра, Ковачевски не ги разрешува и го институционализира криминалот. Наместо експресно разрешување од функциите на над 120 функционери кои го кријат својот имот, и не го доставиле на увид на јавноста, Ковачевски се фрли во нивна заштита и ја префрла топката со ДКСК, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека претседателката на ДКСК од друга страна ја обвинува владата дека не и доставува список на именувани функционери за проверка. Институциите немаат намера да ги санкционираат функционерите кои криеле имот, туку си ја префрлаат топката и ги штитат.

Аферата Тајни имоти покажува и колку е трул системот, и како институциите се користат за прикривање на незаконитостите на функционерите од власта. Доколку Ковачевски е со демократско убедување веднаш ќе ги разрешеше функционерите кои кријат имот- стои во соопштението.