Партии

СДСМ: Нов пакет мерки за намалување на цената на храната

31.10.2022 09:03

Со одлуката се опфатени компаниите што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија...

Владата предводена од претседателот на СДСМ и Димитар Ковачевски, во услови на најголемата светска економска и енергетска криза продолжува со грижата за граѓаните и компаниите. Со новиот пакет мерки им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води да имаат поевтина струја, соопштуваат од владејачката партија.

Со одлуката се опфатени компаниите што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

Ова ќе влијае врз стабилизирање и намалување на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Се очекува мерките да доведат до намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Истовремено струјата ќе продолжи да се субвенционира со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми- стои во соопштението.