Да Силва го победи Болсонаро на претседателските избори во Бразил
31.10.2022 09:26
Тој не можеше да се кандидира на изборите пред четири години зашто беше во затвор поради обвинение за корупција...

Луиз Инасио лула Да Силва направи голем политички камбек откако го победи досегашниот лидер Жаир Болсонаро во вториот круг на претседателските избори во Бразил. Лула освои 50,9% гласови.
Тој не можеше да се кандидира на изборите пред четири години зашто беше во затвор поради обвинение за корупција. Помина 580 дена зад решетки пред обвинението да биде поништено, што му овозможи да се врати на политичката сцена.
Болсонаро сè уште јавно не го призна поразот.
