Руско - украински конфликт

Делови од Киев без струја и вода по рускиот напад

31.10.2022 09:47

Неколку експлозии се слушнале утрово во Киев. Според советникот на претседателот Зеленски во градот одекнале најмалку три експлозии...

Неколку експлозии се слушнале утрово во Киев. Според советникот на претседателот Зеленски во градот одекнале најмалку три експлозии, а 40 крстосувачки ракети биле истрелани кон Украина.

Делови од Киев се без струја и вода по рускиот напад рано утринава. Експлозии се слушнале и во Харков.