Енергетика

Во Софија ќе биде потпишан договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас

31.10.2022 10:04

Договорот ќе го потпишат ГА-МА и Булгартрансгаз, ќе присуствува и министерот за економија, Бектеши...

Во Софија денеска ќе биде потпишан Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективната точка Ќустендил-Жидилово. Договорот ќе го потпишат ГА-МА и Булгартрансгаз.

На потпишувањето ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши и извршните директори на Национални енергетски ресурси АД Скопје, Бајрам Реџепи и на ГА-МА, Александар Арсиќ.